Вчера победија, денеска си заминаа од Штип – Илчо Ѓорѓиоски и Никола Тонев поднесоа неотповиливи оставки во Брегалница

Илчо Ѓорѓиоски повеќе не е тренер на Брегалница Штип, а со него неотповиклива оставка си поднесе и спортскиот директор Никола Тонев, објавија од клубот.

Долго време имаше внатрешна битка во клубот од Штип и се бараа оставки од тренерот и спортскиот директор, а кулминираше сега, со заминување на двоецот задолжен за спортскиот дел.

Тоа е малку и во чуден момент, бидејќи штипјани вчера го победија Тиквеш со 2:1, а само еден ден подоцна има две оставки во клубот со долга и светла традиција.

„ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските сини им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера“, соопштија од Брегалница.
Брегалница по 14 кола во ПМФЛ е на шестото место со 19 бода, во конкуренција на 11 екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести