Победите на Вардар во СЕХА се чиста рутина

Првите четири минути од второто полувреме во кои Вардар даде пет, а прими еден гол, беа доволни за скопскиот тим да покаже кој е кој во дуелот со Војводина од СЕХА-лигата и си го отвори патот до победата од 33:26. За Вардар, кој настапи некомплетен, дел од главните играчи добија одмор.

Ова е петта победа во петтиот меч сезонава во регионалното друштво. Вардарци во СЕХА имаат серија од 31 меч без пораз, а 13 победи по ред.

Најрасположен за давање голови против Војводина беше Дмитри Кисељев. На голманската позиција, Милосављев доби одмор, па шанса доби засилувањето Калифа Гедбан. Дебитантот се истакна со 9 одбрани, а 9 гола од девет обиди имаше Кисељев, како најефикасен кај Вардар. Максимален беше и Скубе со 4 гола од четири шута.

Сега следува дуелот со Рајн Некар Левен во ЛШ, додека наредните два меча за Вардар во СЕХА се гостувања кај Загреб и Мешков Брест, и тоа ќе бидат далеку посилни тестови отколку овој денешниот со српскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести