Победи против Турција и Грција им носат награда од 40 илјади евра на ракометарите

Македонските ракометни репрезентативци ќе поделат премија од 40 илјади евра ако го освојат првото место во третата квалификациска група за пласман на ЕП 2020 година.

За тоа се потребни две победи на последните два меча против Турција и Грција.

Со Турците ќе играме на 12 јуни како гости во Ескишехир, а Грците ги чекаме во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ четири дена подоцна.

Шансите за освојување на првото место се реални, а доколку се случи некаков кикс и бидеме втори во групата, секако ќе патуваме на ЕП, но премиите ќе бидат 30 илјади евра, според одлуката на раководството на РФМ објавена на денешниот Управен одбор.

- Оглас -

Најнови вести