Вашингтон и Феникс го одиграа „најлудиот“ меч сезонава, имаше дури три продолженија (Видео)

Вашингтон визардс дури по три продолженија го победи Феникс санс со 149:146, во најнеизвесниот меч одигран во НБА за оваа сезона. Дури 63 минути активна игра беше потребно за да се добие победникот на овој меч.

Бредли Бил е херојот на Вашингтон. Тој го постигна првиот трипл-дабл во кариерата, а на крајот имаше учинок од 40 поени, 15 асистенции и 11 скока. Што е уште поважно, Бил во последното трето продолжение даде 10 поени.

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: ЛА Клиперс – Денвер 132:111, Филаделфија – Торонто 126:101, Хјустон – Сан Антонио 108:101, Мајами – Милвоки 94:87, Голден Стејт – Далас 120:116, Јута – Оклахома 106:107.

- Оглас -

Најнови вести