Побрзајте, две сигурици го отвораат новото коло на Спортската прогноза

Остануваат само уште неколку часа до почетокот на новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Првиот натпревар започнува во 14 часот, а тоа значи дека треба да побрзате и да ги пополните вашите типови, секако, доколку тоа не сте го сториле до сега.

Она што е интересно ова коло, е тоа што почетокот е со два натпревари со голем процент за победа на домашните екипи. Дури 86.32% од играчите на Спортската предност и даваат предност на Валенсија во дуелот против Хетафе, додека 81.62% од типувачите ја фаворизираат Сасуоло на натпреварот против Фрозиноне.

Сепак, најинтересниот натпревар ова коло ќе се одигра во недела, а тоа е мечот за врвот во Премиер лигата, помеѓу Ливерпул и Манчестер сити. Тука најголемиот процент е за нерешено, дури 40.91, додека 32.46% предност им даваат на „граѓаните“. 26.63% од играчите на Спортската прогноза за фаворит ја сметаат екипата на Ливерпул.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести