Почетни состави: Атлетико би требало да го надигра подмладениот Баерн

Дербито на вечерта помеѓу Атлетико Мадрид и Баерн Минхен е интересно поради фактот што тренерот Ханси Флик одлучи со подмладен состав да атакува на поволен резултат на „Ванда Метрополитано“.

Европскиот првак вечерва нема да смета на ѕвездите како Мануел Нојер и Роберт Левандовски, кои не се најдоа ниту на клупата за резерви, додека Томас Милер ќе чека шанса за настап во второто полувреме доколку е потребно.

Во одбранбената линија пред младиот голман Нубел се: Сар, Шуле, Алаба и Ернандес, 17-годишните Мусијала и Ареј-Мби ќе играат во средината заедно со Мартинес, додека од крилните позиции на најистурениот Чупо-Мотинг ќе му помагаат Даглас Коста и Сане.

Симеоне уште не смета на повредените Суарес и Диего Коста, но во почетните 11 ги искористи најквалитетните играчи кои му се на располагање, со Жоао Феликс како главна закана за Баварците.

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен

Атлетико (4-4-2): Облак, Трипие, Савиќ, Хименес, Ермосо, Љоренте, Саул, Коке, Караско, Кореа и Феликс.

Баерн (4-2-3-1): Нубел, Сар, Шуле, Алаба, Ернандес, Мусијала, Мартинес, Ареј-Мби, Коста, Сане и Чупо-Мотинг.

- Оглас -

Најнови вести