Почетни состави: Кејн ќе ја тестира одбраната на Коцкастите

Познати се почетните состави за дуелот Англија – Хрватска, прв од денешната програма на Европското првенство. Од групата Д доаѓа дербито на денот кое ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, па Англичаните ќе треба да ја оправдуваат фавотирската улога.

Селекторот Саутгејт се одлучи за форманија 4-2-3-1 со капитенот Хари Кејн како најистурен во нападот, а помогнат од Маунт и крилата на Сити, Фоден и Стерлинг. Филипс и Рајс ќе имаат тешка задача да го освојат средниот ред, додека во одбранбената линија има два десни бекови, со тоа што Трипие игра принудно лево, а искусниот Вокер ќе ја чува десната аут-линија. Пред голманот Пикфорд се Стоунс и Мингс.

Златко Далиќ се потпре на формацијата 4-5-1 со Перишиќ и Крамариќ како крила, а Ребиќ во улога на „деветка“. Триото Модриќ, Брозовиќ и Ковачиќ претставени како моторот на хрватската селекција, а голот на Ливаковиќ ќе го бранат Гвардил, Чалета-Цар, Вида и Врсаљко.

   

- Оглас -

Најнови вести