Почетни состави: Мбапе во улога на џокер, Сити по заверка на своето прво финале

Остануваат 90 или евентуални 180 минути во кои Манчестер сити и ПСЖ ќе го одредат првиот финалист во Лигата на шампионите за оваа сезона. Граѓаните се поблиску да резервираат билет за Истанбул откако го освоија Париз со резултат од 2-1, односно два гостински гола кои засега им гарантираат пласман во првото финале во клупската историја.

Светците како европски вицешампиони посакуваат повторно да се најдат во битка за пехарот со големи уши, што го испуштија во балонот во Лисабон пред околу 10 месеци.

Гвардиола повторно тргнува без класичен напаѓач, а разликата од првиот меч е што искусниот Фернандињо доби шанса пред Родри, додека останатиот дел од составот е непроменет.

Килијан Мбапе имаше проблеми со повреда, меѓутоа бандажиран ќе биде џокер од клупата на Покетино, додека Икарди почнува од првата минута.

Манчестер сити

Едерсон, Вокер, Дијаш, Стоунс, Зинченко, Фернандињо, Гундоган, Де Бројне, Марез, Фоден, Бернардо Силва.

ПСЖ

Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Дијало, Паредес, Ерера, Верати, Ди Марија, Нејмар, Икарди.

- Оглас -

Најнови вести