Почетни состави: Може ли Башакшехир да ги шокира Црвените бикови?

Истанбул Башакшехир има само еден триумф по четири кола и реалните шанси за европска пролет може да ги бара во Лигата на Европа. Сепак, вечерва може да приреди ново изненадување на домашен терен против Лајпциг доколку турскиот првак игра храбро како што беше во победата од 2-1 над Манчестер јунајтед.

Лајпциг е во потрага по трета победа, со која евентално може да избие на второто место на табелата во групата Х и мирно да го чека дербито подоцна меѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ. Тренерот Нагелсман не може да смета на неколку првотимци, како Клостерман и Лајмер, но германскиот тим и без нив е во фаворитска улога која треба да се оправда.

Истанбул Башакшехир – Лајпциг

Башакшехир (4-3-3): Ѓунок, Болињоли, Шкртел, Пончк, Рафаел, Кавечи, Озчан, Туруч, Вишќа, Гулбрандсен, Демба Ба.

Лајпциг (4-2-3-1): Гулашчи, Анхелино, Конате, Упамекано, Мукиеле, Кампл, Хаидара, Олмо, Форсберг, Сабитцер, Поулсен.

Во 18:55 часот почнува и средбата од групата Е меѓу Краснодар и Рен, таму ќе се води битка за исчекор кон освојување на третото место и евентуален пласман во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести