Почетни состави: Рашфорд пак ќе гази за Јунајтед, а што може Лацио да направи без Златната копачка?

Манчестер јунајтед ќе биде предводен од расположениот Маркус Рашфорд во Истанбул, каде што екипата на Оле Гунар Солскјер по деветти пат во клупската историја ќе атакува на максимален учинок по три кола во групите од Лигата на шампионите.

Едно изненадување на Солскјер е смената на Де Хеа со Дин Хендерсон на голот, младиот англиски чувар на мрежата доби шанса да се докаже. Туанзебе доби шанса пред Линделоф, додека Ван де Бек ќе игра заедно со Мата и Бруно зад најистурените Рашфорд и Марсијал.

Тренерот Окан Бурук го изнесе најквалитетниот состав што можеше, десниот бек Рафаел ќе се сретне против клубот каде што му почна професионалната кариера.

Башакшехир – Манчестер јунајтед

Башакшехир (4-3-3): Гунок, Рафаел, Шкртел, Епурену, Мбомбо, Алексиќ, Озчан, Кавечи, Вишча, Турук, Демба Ба.

Јунајтед (4-1-3-2): Хендерсон, Ван-Бисака, Туанзебе, Мегваер, Шо, Матиќ, Мата, Ван де Бек, Бруно, Марсијал, Рашфорд.

Лацио е десеткуван поради бројни активни случаи на ковид-19. Најголема штета е што Чиро Имобиле, Златната копачка за минатата сезона, е надвор од составот на Симоне Инѕаги, кој пак некако скрпи тим за гостувањето во Санкт Петербург, за дуелот против рускиот првак Зенит.

Зенит – Лацио

Зенит (5-4-1): Кержаков, Караваев, Ловрен, Ракицки, Сантос, Жирков, Еронкин, Бариос, Оздоев, Кузијаев, Ѕуба.

Лацио (3-5-2): Рејна, Габарон, Хоет, Ачерби, Фарес, Милинковиќ-Савиќ, Пароло, Акпа Акпро, Марушиќ, Муриќи, Кореа.

- Оглас -

Најнови вести