Почетни состави: Реал со силен тим, Сити без класична „деветка“

Зинедин Зидан, предводникот на Реал Мадрид, со најсилниот состав кој му е на располагање ќе влезе во реваншот против Аталанта кој се игра на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“, каде што Кралевите прво ќе треба да ги одбранат минималните 1-0 од Бергамо, а потоа да го заверат своето место во топ 8 фазата од Лигата на шампионите.

Каземиро е суспендиран, Карвахал и Маријано се повредени, како и Азар кој повторно го очекува пауза до два месеци, па затоа Зидан комбинираше во одбраната и средината. Како десен бек  ќе игра Начо, додека Феде Валверде го пополнува местото на Бразилецот во средината.

Васкес иако често сезонава принудно играше на десната бековска позиција, овојпат Шпанецот доби поофанзивна улога како природно десно крило, кој ќе биде поддршка на напаѓачите Винисиус и Бензема.

Изненадување кај Аталанта, односно Џампјеро Гасперини, е што го осстави својот надобар напаѓач Дуван Запата, на клупата за резерви, а ќе атакува со Муриел како најистурен во формацијата.

Реал Мадрид – Аталанта (21ч)

Реал (4-3-3): Куртоа, Начо Варан, Рамос, Менди, Валверде, Модриќ, Крос, Васкес, Винисиус и Бензема.

Аталанта(3-4-2-1): Спортиело, Толои, Ромеро, Џимсити, Меле, Де Рон, Песина, Госенс, Пашалиќ, Малиновски и Муриел.

И менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, исто така со силен состав ќе го потврдува учеството во четвртфиналето. Во реваншот против Гладбах, Граѓаните со моментално најдобрите 11 кои му се на располагање, но без закрепнатиот Агуеро, односно без класична „деветка“ ќе треба да ја заврши работата.

Манчестер сити – Борусија Менхенгадбах (21ч)

Сити(4-3-3): Едерсон, Вокер, Дијаш, Лапорте, Зинченко, Родри, Гундоган, Бернардо, Марез, Фоден и Де Бројне.

Гладбах(4-3-1-2): Сомер, Лајнер, Гинтер, Елведи, Бенсебајни, Закарија, Нојхаус, Хофман, Штиндл, Турам и Емболо.

- Оглас -

Најнови вести