Почетни состави: Со овој тим, Баерн тешко дека ќе избори полуфинале

Реванш-дуелите вечерва ќе ги одредат првите два полуфиналисти во Лигата на шампионите, а како што стојат работите, Челзи и ПСЖ се доста блиску до топ 4 фазата.

Светците го добија првото дерби против Баерн, и тоа среде Минхен со 3-2, а Мбапе беше незадржлив за сè уште актуелниот европски првак. Сините, пак, остварија рутински триумф од 2-0 во Севилја, па сега на истиот стадион „Рамон Санчес Писхуан“ ќе бидат домаќини на португалските Змејови, за кои европскиот поход многу веројатно ќе заврши тука.

Како што е веќе познато, Флик за реваншот не може да смета на од претходно повредените Левандовски, Гнабри и Толисо, а на листата отсутни играчи се најдоа и Горецка и Зиле, кои се повредија во поразот од Светците во првата средба. ПСЖ, пак, пласманот во полуфиналето ќе треба да го осигури без капитенот Маркињос, кој се здоби со повреда на препоните изминатиов викенд, а од претходно недостапни се двата леви бекови Курзава и Бернат, како и Мауро Икарди.

Пари Сен Жермен – Баерн Минхен

ПСЖ (4-2-3-1): Навас, Дијало, Данило, Кимпембе, Дагба, Геје, Паредес, Дракслер, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

Баерн (4-2-3-1): Нојер, Павар, Боатенг, Лукас, Дејвис, Кимих, Алаба, Коман, Сане, Милер, Чупо-Мотинг.

Томас Тухел за овој меч нема да смета само на Матео Ковачиќ. Хрватскиот играч за врска има ситна повреда и ќе одмори за реваншот. Кај Порто недостасува искусниот дефанзивец Иван Маркано, кој не заигра од возвратиот дуел против Јувентус во осминафиналето.

Челзи – Порто

Челзи (3-4-3): Менди, Аспиликуета, Тијаго Силва, Рудигер, Чилвел, Џејмс, Жоржињо, Канте, Маунт, Пулишиќ, Хаверц.

Порто(4-3-3): Марчесин, Манафа, Мбемба, Пепе, Заиду, Урибе, Грујиќ, Оливеира, Отавио, Корона, Марега.

- Оглас -

Најнови вести