Почина Џери Слоун, поранешниот тренер на Јута

На 78-годишна возраст почина поранешниот тренер на Јута џез, Џери Слоун. Американскиот стратег ја загуби животната битка со Паркинсоновата болест, која му беше дијагностицирана во 2015 година.

Кошаркарскиот свет го памети Слоун како единствениот тренер на Јута кој ја однел екипата до две последователни финалиња во НБА-лигата, но и во двата наврати Џезерите налетаа на неприкосновените Чикаго Булс и Мајкл Џордан во 1997, односно 1998 година.

Слоун како играч на Чикаго на двапати учествуваше на Олстар-викендот и четирикратно се најде во најдобриот дефанзивен тим во лигата. Булси во негова чест го повлекоа дресот со број 4, кој Слоун го носеше цели 10 години од 1966 до 1976 година.

- Оглас -

Најнови вести