Почина Душан Дуда Ивковиќ

Утрово, околу 7 часот почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ, пишуваат српските медиуми. Тој беше еден од најдобрите стратези во историјата на кошарката, имаше 78 години.

„Ивковиќ почина во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови“, потврдија од тимот на Раднички.

Популарниот Дуда е роден во Белград во 1943 година, а беше селектор на Србија во периодот од 2008 до 2013 година, период во кој освои сребро на Европското првенство, додека на Светското првенство во 2010 година заврши на четвртото место.

Како тренер работеше во Партизан, Арис, Раднички, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА Москва, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести