Почина голема шаховска легенда – На таблата со 64 полиња ги победуваше Фишер, Карпов, Спаски…

Легендарниот југословенски шахист Бора Ивков почина денеска во 88-мата година од животот.

Велемајсторот што ги победуваше најголемите имиња во древната игра, во неговото време стана познат уште како младинец, кога стана прв младински светски првак во Бирмингам во 1951 година.

Истиот подвиг го повтори во Давос, во сениорска конкуренција на Светскиот шампионат во 2006 година.

Родениот белграѓанец е еден од најдобрите шахисти на сите времиња на просторите на поранешна Југославија, а во кариерата ги победуваше и најсилните во неговата ера.

Ивков има победи на таблата со 64 полиња против легендарните шахисти, Роберт Фишер, Анатолиј Карпов, Борис Спаски, Михаил Таљ, Тигран Петросјан, Василиј Смислов….

- Оглас -

Најнови вести