Почина голгетерот чиј рекорд на Светските првенства е недопрен 65 години

Најдобриот стрелец на Светското првенство во 1958 година, Жист Фонтен, почина денеска на 89 години, соопштија од неговото семејство. Името на Фонтен е со златни букви запишано во мундијалската историја затоа што тој е играчот кој на планетарниот собир пред 65 години во Шведска само за шест меча успеа да постигне рекордни 13 гола.

Ниту еден фудбалер претходно, а и потоа не успеал на еден Мундијал да даде двоцифрен број погодоци, а не пак да се доближи до рекордните 13 гола на Фонтен. Иако играше само на пет меча на СП, Фонтен уште е во врвот на најдобри стрелци во историјата на Мундијалите. Пред него се само Мирослав Клозе со 16 гола, Роналдо 15 и Герд Милер со 14 погодоци. Лионел Меси има 13 погодоци како и Фонтен.

Фонтен беше роден во Маракеш, во тогашно Францско Мароко, а во 1953 година пристигна во Ница, каде што играше до 1956 година. Потоа замина во Ремс, каде што остана до 1962 година, а во 131 меч постигна 122 гола. Двапати беше најдобар стрелец во француското првенство, а во сезоната 1958/59 постигна 10 гола за Ремс во Купот на куп шампионите, но, за жал, не стигна до трофејот откако во финалето францускиот клуб загуби од Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести