Почина контроверзниот Бернар Тапи, човекот кој од Марсеј направи европски првак

Фудбалска Франција е во тага, на 78-годишна возраст почина Бернар Тапи, човекот кој беше газда на Олимпик Марсеј во 1993 година, кога станаа прв и засега единствен француски клуб, кој станал европски првак.

Тапи беше контоверзна личност, беше доживотно казнет со забрана за работа во фудбалот поради местење натпревар, а беше и министер, европратеник, прв човек на Адидас, но поради матни работи, лежеше и во затвор. Ја загуби битката со ракот на желудникот.

Сепак, Тапи остави неизбришлива трага во францускиот фудбал, никој не може да негира дека за осум години, од Марсеј направи европски гигант кој двапати играше финале на ЛШ и еднаш го освои трофејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести