Почина легенда на Манчестер јунајтед

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунатед Тони Дан почина на 78-годишна возраст. Легендата на Црвените ѓаволи е еден од најдобрите бекови во историјата на клубот, кој беше клучна фигура во освојувањето на првата европска титула на Јунајтед во 1968 година.

Дан стана член на сега веќе најтрофејниот англиски клуб во 1960 година, две години по авионската несреќа во Минхен, во која животот го загубија осум членови на клубот. За составот на иконата Мет Базби, Дан забележа 535 настапи во период од 13 години, притоа освои две титули во Англија и еден трофеј во ФА купот.

Играше уште за Болтон и Детроит експрес, а кариерата ја почна во Шелбурн. Дан за ирската репрезентација запиша 33 настапи.

- Оглас -

Најнови вести