Почина легендарен фудбалер на Југославија, беше дел од репрезентацијата која играше во финалето на ЕП

Легендарниот фудбалер на Сараево и на репрезентацијата на поранешна Југославија, Вахидин Мусемиќ, почина на 76-годишна возраст.

Мусемиќ кој е роден на 29 октомври 1946 година, кариерата ја започна во Сараево за кого одигра 300 натпревари и постигна 300 гола.

За репрезентацијата на Југославија дебитираше 1968 година и тоа со гол против Франција, а истата година беше дел од националниот тим кој го оствари најголемиот успех во историјата.

Југославија во 1968 година играше во финалето на Европското првенство, првиот натпревар против Италија заврши 1:1, а во повторениот меч, Аѕурите славеа со 2:0 и ја освоија титулата. За репрезентацијата одигра 18 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести