Почина легендарниот Свен-Јоран Ериксон

Легендарниот шведски фудбалски тренер Свен-Јоран Ериксон почина денес, на 76-годишна возраст. Ериксон во јануари оваа година откри дека боледува од тешка болест и дека му останува најмногу една година живот. Тој откри дека најголема желба му била да го тренира Ливерпул, а Јирген Клоп и раководството на Црвените веднаш му ја исполнија таа желба.

Свен-Јоран Ериксон тренерската кариера ја започна во далечната 1977 година, кога го презеде шведскиот Дегерфорс. Потоа беше и на клупата на Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер сити, Лестер, Гвангжу, Шангај и Шенжен. Беше и селектор на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипи, што воедно беше и негов последен ангажман во 2019 година.

Во својата кариера освои 14 трофеи во домашните натпреварувања и три на меѓународна сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести