Почина мајката на Стефан и Милан Ристовски, порака со утеха испрати и капитенот на  Манчестер јунајтед

Денеска е тажен ден за поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, и за неговиот брат Милан бидејќи денеска почина нивната мајка по долга и тешка болест.

Фудбалерот на Динамо Загреб за тажната вест објави на социјалните мрежи, по што веднаш почнаа да пристигнуваат пораки со сочувство.

Една од пораките беше и од капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш кој играше заедно со Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон и се големи пријатели.

- Оглас -

Најнови вести