Почина Мати Никенен, можеби најголемиот ски-скокач на сите времиња

Почина еден од најдобрите ски-скокачи во историјата, Финецот Мати Никенен. Легендарниот Никенен, кој освои пет титули светски првак и освои пет медали (четири злата и едно сребро) на олимписките игри, имаше 56 години, а почина од последиците од водењето неуреден живот.

Постарите љубители на овој спорт знаат каков неприкосновен ски-скокач беше Никенен, тој доминираше во 80-тите години од минатиот век, освои буквално сè. Навивачите од овие простори го паметат и по уништувањето на конкуренцијата на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година.

Но, колку што беше добар како спортист, толку беше лош за себе. Уште во текот на кариерата имаше проблеми со алкохолот, па се повлече од ски-скоковите кога имаше само 30 години. Таквиот начин на живот го чинеше скапо. Неколкупати се женеше и разведуваше, 26 месеци лежеше во затвор поради обид за убиство и уште 16 за напад врз сопругата.

Тажната приказна се заокружува со тоа што Никенен банкротираше, ги продаде сите свои трофеи и медали, се обиде и како поп-пејач, но сите тие обиди завршија со неуспех. Лани беше објавено дека боледува и од дијабетес, а од вчера тој со своите скии „лета“ на небото.

- Оглас -

Најнови вести