Почина најверната навивачка во светот која од формирањето го бодреше клубот, легендарниот Подолски упати порака

Полскиот клуб Горник Забже од вчера остана без својата најверна навивачка. Почина 90-годишната Малгорзет Дашек. Тоа е жената која на стадионот „Рузвелт стрит“ започната да доаѓа од 1948 година, кога всушност и се формирал овој клуб.

„Информацијата за смртта на госпоѓата Малгорзет Дашек е многу тажна. Беше жена со големо срце, секогаш насмеана, како права баба на задоволство на сите оние кои ја познаваа. Оваа вест лично нè погоди, затоа што загубивме драга личност“, стои во еден од натписите за полскиот клуб.

Некогашниот германски репрезентативец Лукас Подолски сега е главна ѕвезда на Горник Забже, а 36-годишниот фудбалер упати последен поздрав до баба Дашек.

„Од денеска, мечевите на Забже нема да бидат исти. Утрово госпоѓа Малгорзет, која ги следела мечевите на Горник уште од далечната 1948 година, замина на небото. Ова е голема загуба за целото семејство Горник. Сакам да изразам сочуство до најблиските на госпоѓа Малгорзет“, напиша Подолски кој сезонава во 22 меча во првенството постигна седум гола.

- Оглас -

Најнови вести