Почина некогашниот претседател на ФФМ и прв човек на Силекс, Љубисав Иванов – Ѕинго

Во 84-тата година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на ФФМ.

„Македонскиот фудбал денес загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и што соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е беспредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли сѐ со Вас“, напиша актуелниот предводник на Федерацијата, Муамед Сејдини.

- Оглас -

Најнови вести