Почина последниот играч кој директно од Манчестер јунајтед премина во Ливерпул

Бившиот напаѓач на англиските ривали Манчестер јунајтед и Ливерпул, Фил Чиснал, почина на 78-годишна возраст. Чиснал е познат како последниот фудбалер кој направил директен трансфер од Манчестер во Ливерпул или обратно.

Чиснал е роден во Манчестер, продукт е на школата на Јунајтед и играше на „Олд Трафорд“ од 1961 до 1964 година, период во кој даде 10 гола на 47 меча. Потоа, во април 1964, е продаден во Ливерпул за сума од 25.000 фунти.

Иако според стручњаците имал огромен потенцијал, не стана ѕвезда, а ни кај Црвените не се изнаигра, имаше само девет настапи и даде два гола. Последната средба за Мерсисајдци му беше полуфиналето на КЕШ во 1966 година против Селтик. По заминувањето од Ливерпул, Чиснал замина во Саутенд, а кариерата ја заврши во Стокпорт каунти.

Инаку, последен трансфер на играч од Ливерпул во Манчестер јунатед беше уште пред Втората светска војна, во 1938 година, а „предавникот“ беше Тед Севиџ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести