Почина тренерот за „Гинис“ – Си замина Руди, по него тагуваат 55 клуба на сите континенти

Германската тренерска легенда Руди Гутендорф почина во 93-та година од животот, како апсолутен рекордер во својата фела.

Почна како кормилар на германски Дуисбург, а кариерата ја завржи во Самоа и мина низ неверојатни 55 клубови во повеќе од 30 земји во светот.

Фудбалскиот глобтротер во една прилика изјави „дека фудбалот му е се во животот и дека ништо друго о не работел“.

Руди ги мина сите континенти, а има добиено два ордени за заслуги. Беше и селектор на Чиле, а со оваа репрезентација успешно ги мина квалификациите за настап на Мундијалот во 1974 година, што го сметаше за свој најголем успех.

Потоа поради државниот удар во оваа земја си замина. Во Германија беше кормилар на Дуисбург, Шалке 04, Штутгарт и Хамбургер.

 

- Оглас -

Најнови вести