Почна акцијата на „Комити“ – Купи билет за спас на Вардар

Навивачите на фудбалскиот клуб Вардар, „Комити“ ја започнаа најавената акција за спас на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија кој има големи финансиски проблеми.

Вардарци на 14 февруари треба да го играат натпреварот од првото пролетно коло против Пелистер на домашен терен, а уште не почнале подготовки. Од вечерва, преку онлајн-мрежата на МК Тикетс може да се купи „билет за спас на Вардар“ по цена од 100 денари, и тоа на овој ЛИНК.

„Храброста е нашиот избор, дела наместо зборови. Имаме можност да напишеме нови славни страници од историјата на црвено-црниот свет, а за тоа да го направиме, потребно е да направиме само еден мал чекор, да купиме билет на еден натпревар каде што игра нашиот Вардар. Ова е шанса за сите нас кои од страна навивавме нештата да тргнат во вистинската насока чекајќи други да ја завршат работата. Сега од нас зависи, никој од страна нема да го направи тоа што е наша чест и привилегија да го направиме, никој не може да го одбрани посилно Вардар од нас Вардарците…“

КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР !!!

Секој билет значи, секој билет е еден чекор поблиску до целта, за секој билет Вардар ќе ви биде благодарен, но сакајќи да дадеме значење на историските години за ФК ВАРДАР:
– 47 билети за СПАС НА ВАРДАР ќе значат пред сè признание за вашето лично учество, но и вашето име ќе биде запишано на клубските ѕидини покрај забележителните моменти од богатата клубска историја.
– 87 или повеќе билети за СПАС НА ВАРДАР ќе ви доделат Сертификат заверен од ФК Вардар, како признание за вашето лично или учеството на вашето Здружение, Организација, Компанија во борбата за спас на Вардар.

Да се сплотиме и сите заедно да бидеме Вардар !
Бидете со нас, многу скоро акцијата започнува, па ова нека биде општ повик за #МОБИЛИЗАЦИЈА“ – порачуваат Комитите преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести