Почна лицитацијата за капитенот на Спортинг, од Манчестер се нижат милиони за Фернадеш

Бруно Фернандеш имаше прекрасна сезона во Спортинг и за него се бие голема битка во Манчестер, меѓу Јунајтед и Сити, а лицитацијата е веќе почната со понуди што се неверојатно високи.

Манчестер сити прв повлече нога и понуди 50 милиони евра за капитенот на „Лавовите од Лисабон“, но веднаш стаса одговор од лутиот ривал Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ понудија многу повисока цена од шампионот на Англија и одлучија да лицитираат со 55 милиони евра отштета за Спортинг, плус 25 милиони ев ра како можни бонуси со посебни клаузули во евентуалниот договор.

Фернадеш пристигна во Спортинг во јуни 2017 година од Сампдорија за сума од 8.5 милиони евра, а при потпишување на петгодишниот договор одредена е отштета од неверојатни 100 милиони евра.

Играчот од средниот ред блескаше сезонава со 23 гола за Спортинг, или вкупно 31 во две сезони како играч на тимот од Лисабон. Има и 11 настапи за поругалската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести