Почна втората сезона на Спортска прогноза – Забавувајте се и типувајте за вредни награди

Спортската прогноза привлече големо внимание во своето прво издание лани, а во организација на Спорт Mанија и на Sport Life од денеска почна втората сезона и веќе може да се прогнозираат стандардните 13 двојки, плус две резерви. Исто како и лани, прогнозирањето е бесплатно!

Популарната игра сега е во малку изменет формат, а ќе може да се учествува само со Sport Life картичка и на интернет-страницата на најдобрата спортска обложувалница во Македонија.

Принципот е едноставен и има неколку неколку чекори до успешна прогноза. Кликнете на следниот линк: ПРОГНОЗА, логирајте се со вашето корисничко име и лозинка на интернет-страницата на Sport Life.

Откако ќе кликнете за прогнозирање, ќе треба да го внесете бројот на вашата СЛ картичка доколку досега не сте ја верификувале и веќе сте на вистинскиот пат. Прогнозирањето е идентично како и лани, со клик на знакот што ќе го одиграте и за финиш на успешно завршената мисија само треба да ја снимите вашата прогноза и да бидете прецизни во типувањето во играта што е бесплатна.

Технички, играта и сите прогнози, резултати и пласман во секое коло, но и во Генералниот пласман ќе можат да се следат прегледно на страницата на Sport Life и со дополнителни информации на нашиот портал Спорт Манија.

Првото коло нуди микс од квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2020 година, мечеви од Јужна Америка и од пониските лиги во Европа. Меѓу нив, за нас најинтересен е дуелот меѓу Летонија и Македонија што ќе се игра во Рига на 9 септември.

Покрај тој натпревар, многу интересно ќе биде и на мечот меѓу Србија и Португалија, а има уште дузина одлични мечеви што се предизвик за секој прогнозер.

Првата награда за погодени 13 двојки во основната понуда во секое коло ќе биде мобилен телефон I-Phone XS. Втората награда за 12 погодени парови е 1.000 денари, а за единаесетка 500 денари.

Ќе има награди и изненадувања и во Генералниот пласман за најуспешните прогнозери, па затоа е важно да се учествува од самиот старт и да се биде редовен прогнозер во секое коло.

- Оглас -

Најнови вести