Почнаа проблемите со повреди: Плејмејкерот на Лејкерс ja oштети раката

Тимот на ЛА лејкерс пред неколку дена се смести во комплексот „Светот на Дизни“ во Орландо, каде што ги започна подготовките во пресрет на рестартот на сезоната во НБА-лигата. Меѓу првите тренинзи се јавија и првите проблеми како резултат од неколкумесечната пауза.

Имено, со сериозна повреда на раката се здоби Ражон Рондо, искусниот плејмејкер на Езерџиите. Се работи за палецот и дланката, а се чекаат резултати од прегледите за да се одреди паузата на Рондо. Првите прогнози не се добри, па тренерот Фогел остана без еден од ветераните во тимот на петнаесетина дена пред продолжувањето на првенството.

Кошаркарите имаа околу еден месец период за индивидуален тренинг откако Владата во САД ги отвори салите, а со оглед на тоа дека од средината на март не се во натпреварувачки погон, тренинзите им беа лимитирани, па ваквите повреди се очекувани.

Како што е веќе познато, сезоната во НБА-лигата ќе продолжи на 31 јули со скратен формат.

- Оглас -

Најнови вести