Почнува битката за престолот на Јадранот

Црвена ѕвезда со предност на домашен терен ја отвора финалната серија против Будуќност во која се предвидени максимум пет меча за да се одредни новиот шампион на АБА лигата.

Црвено-белите се актуелни бранители од сезоната 2018/19 (ланската не се доигра поради пандемијата со корона-вирусот), па затоа според квотите во Sport Life се фаворити. Сепак, треба да се знае дека Будуќност двапати славеше над српскиот првак во регуларниот дел од сезоната, со тоа што Црногорците беа убедливи дома со триумф од 83:63, што значи дека на Ѕвезда воопшто нема да ѝ биде лесно во оваа серија.

Третпат во низа овие две екипи ќе се борат за кошаркарскиот престол на Јадранот. Будуќност ја доби серијата со 3-1 во сезоната 2017/18 за прва нивна прва титула во АБА, додека четирикратниот првак пред две сезони ја освои титулата во мајсторка.

Во Белград се среќаваат најдобриот напад од лигата, Будуќност просечно реализира по 84,81 поени по натпревар, додека Ѕвезда ја има најдобрата одбрана со само 69,96 поени во својот кош.

Ѕвезда вечерва и на 18 мај ќе биде домаќин, а потоа серијата се сели во Подгорица, а дали ќе има потреба за четврти дуел, односно мајсторка во Белград, ќе се знае по третиот меч на 22 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести