Почнува да се растура бразилскиот клан во ПСЖ

Францускиот шампион Пари Сен Жермен, останува без една од своите бразилски ѕвезди. Тоа не е Нејмар, кој е несреќен во Париз, туку десниот бек Дани Алвеш.

Ветеранот кој и на 36 години е незаменлив во бразилската репрезентација, после победата над Перу, кога даде и еден од петте гола, објави дека договорот со клубот кој му истекува за една недела, нема да биде продолжен.

„Завршува уште еден циклус во мојот живот. Ова беше циклус на победи, но и на многу учење и различно искуство. Сакам да му се заблагодарам на семејството на ПСЖ, кои ми даде можност да напишеме дел од историјата на клубот“, напиша Алвеш на Инстаграм.

Тој беше во ПСЖ од 2017 година, а таму дојде од редовите на Јувентус. За две години на „Паркот на принцовите” освои две титули на Франција и еден куп, но големата цел, трофејот во Лигата на шампионите остана недофатлив.

- Оглас -

Најнови вести