Почнува новата сезона во Формула 1: Истите пилоти, две трки плус, Ферстапен пак е главен фаворит (Фото)

Новата сезона во Формула 1 шампионатот, 75-та по ред, практично официјално започнува денеска, со квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Бахреин.

И во новата сезона, фаворит за титулата е трикратниот последователен првак Макс Ферстапен од Ред Бул. Главни конкуренти треба да му бидат пилотите на Ферари и Мерцедес, можеби некогаш ќе изненадат Мекларен или Астон Мартин, но Ферстапен во сезонава влегува со амбиција да се изедначи по бројот на титули со Алан Прост и Себастијан Фетел.

Лани Ред Бул доминираше, победи на 21 од 22 трки.

Нема промени на возачи во тимовите, а имаше промени на имињата на тимовите. По пет години соработка со Алфа Ромео, швајцарскиот Заубер го врати првобитното име, додека тимот на Алфа Таури сега е познат како РБ.

Новата сезона носи рекорден број трки – дури 24. Во календарот се враќа Големата награда на Кина, а новина е и трка во Мајами. Првите две воведни трки во Бахреин и Саудиска Арабија (9 март) беа преместени од недела во сабота поради Рамазан.

За денешните квалификации, квотите во Sport Life најавуваат пол-позиција за Макс Ферстапен. Може да се обложите и на тоа кој пилот ќе биде на некое од првите три места во квалификациите, од кој тим ќе биде освојувачот на пол-позицијата.

Посебно интересни се комбинациите пол-позиција со победа на трката (квотата за Ферстапен е 1.90 дека ќе биде најбрз во квалификациите и ќе победи на трката), и онаа за пол-позиција, најбрз круг на трката и победа на трката. Во овие две игри, може да се обложите и дека било кој пилот ќе направи ваков „хет-трик“.

- Оглас -

Најнови вести