Почнува второто поглавје – Стигна жалбата на Манчестер сити во Арбитражниот суд за спорт

Почнува второто поглавје во спорот меѓу Манчестер сити и УЕФА, а Арбитражниот суд за спорт во Лозана објави дека пристигнала жалбата на англискиот шампион по казната од Европската куќа на фудбалот.

УЕФА го казни Манчестер сити со двегодишна забрана за настап во Лигата на шампионите и 30 милиони евра, но тоа е само почеток на битката на двете страни.

Во 2018 година УЕФА покрена истрага против Манчестер сити за финансиски малверзации по текстот во германскиот „Дер Шпигел“, во кој беа објавени документи од „Фудбал ликс“ за недозволени префрлања на парични средства од некиолку фирми во клубот од Англија.

УЕФА наведе и дека клубот одбивал соработка, па откако, како што објавија, дошле до црвсти докази, го казнија шампионот на Англија.

Сега се очекува ново сослушување на претставници на двете страни и одлука од Арбитражниот суд за спорт во Лозана. Популарниот CAS речиси без исклучок досега ги потврдуваше одлуките на УЕФА, а Манчестер сити најави дека ќе оди докрај и на цивилен суд ако одлуката во Лозана биде неповолна за клубот.

- Оглас -

Најнови вести