Подарок за сите што до 30 август ќе се пријават да трчаат на Виз Ер Скопски маратон

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18-тото по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

Овогодишниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на втори октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30 август добиваат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022.

Секој учесник по завршување на маратонот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– HalkEco Скопје трча 10KM.

Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk.

- Оглас -

Најнови вести