Подарокот на денот е во финалето од НБА

Феникс санс води со 3:1 против Лос Анџелес клиперс во финалето на Западната конференција во НБА-плејофот и вечерва на свој терен ќе ја има првата меч-топка за пласман во големото финале. Сонцата блескаат и доколку не се случи некое изненадување, треба да слават и да потврдат зошто беа втората најдобра екипа во регуларниот дел од првенството.

Дополнителен проблем за Клиперси во целата оваа серија против Феникс е неиграњето на нивниот најдобар играч Кавај Ленард. Првиот стрелец на тимот од Лос Анџелес е повреден и едноставно се чувствува неговото отсуство во екипата. Ленард имаше просек од околу 30 поени на меч, кои дефинитивно недостасуваат во нападот на Клиперс.

Токму затоа не е ни чудо што последниот меч меѓу Феникс и Клиперс заврши со малку чуден резултат од 84:80, односно само 164 постигнати поени на двата тима. Ако се погледнат и претходните четири меча меѓу овие два тима, ќе се забележи дека нема голема ефикасност. Само еднаш во последните пет меѓусебни дуели биле постигнати над 211 поени.

Ако се знае дека денешната понуда во Sport Life нуди коефициент од 1.91 за да има помалку од 214,5 поени, ова делува како сигурица на денот. Клиперс без Ленард сигурно нема да тргне во офанзивна пресметка со домаќинот и ќе се обиде со цврста одбрана да изненади. Токму затоа, петиот дуел од финалето на Западот меѓу Феникс и Клиперс е „печен“ за МИНУС поени, односно под 214,5 поени.

СИТЕ МЕЧЕВИ НА ФЕНИКС САНС И ЛА КЛИПЕРС ОДИГРАНИ ВО 2021 ГОДИНА (пет завршија со помалку од 211 поени)

ЛА клиперс – Феникс санс 80:84

ЛА клиперс – Феникс санс 106:92

Феникс санс – ЛА клиперс 104:103

Феникс санс – ЛА клиперс 120:114

Феникс санс – ЛА клиперс 109:101

ЛА клиперс – Феникс санс 113:103

Феникс санс – ЛА клиперс 107:112

 

- Оглас -

Најнови вести