Податок кој потврдува дека Челзи го најде новиот Чех

Едуар Менди лесно се адаптираше на животот во Лондон и меѓу диреците во Челзи. Сенегалскиот голман изминатово лето пристигна на „Стемфорд бриџ“ како последно засилување од скапиот шопинг на Сините, со кого го решија најголемиот хендикеп во екипата.

Стартот на кариерата на Менди во редовите на Челзи ги радува навивачите на клубот, а и менаџерот Френк Лампард, откако Сенегалецот оствари идентична статистика во првите пет настапи за Сините како Петр Чех во 2004 година.

Имено, Менди во пет меча во сите натпреварувања, дури четирипати ја сочува мрежата и прими само еден гол. Дебитираше во победата од 4-0 над Кристал палас, во ЛШ против Севилја и завчера против Краснодар исто така остана несовладан, како и против Манчестер јунајтед во дербито без голови пред една недела. Примениот гол е против Тотенхем во ЕФЛ-купот, меч во којшто Челзи претрпе елиминација во пенал-рулетот.

Идентичен учинок имаше Чех во првите пет настапи за шесткратниот англиски првак.

За потсетување, Менди беше купен од францускиот прволигаш Рен, исто како Чех, кој пак сега му е ментор на новиот број 1 голман на Сините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести