Поарно да ја покажеше личната карта – ММА борец се силеше, па ја предаде борбата против редар во ноќен локал (Видео)

Дилон Данис се посрамоти во неочекувана ситуација и тапкаше со раката со знак дека ја предава борбата со еден од редарите на ноќен клуб во Њу Џерси.

Целата ситуација е срамна за ММА борец, кој е познат како спаринг-партнер на Конор Мекрегор, но има и две професионални борби.

Данис не сакал да покаже документ дека е полнолетен на влезот на ноќниот клуб во Њу Џерси и потоа се обидел и со тупаници да се пробие, но доби одлична лекција.

Редарот не се исплаши и набрзина го легна на под ММА борецот, па Данис мораше да тапка со рацете како да е во ринг и ја предаде неочекуваната борба во ситуација за која самиот е виновен.

Човекот од обезбедувањето и покрај тоа што не е виновен, му се извини на Денис, а објасни дека само културно му побарал на ММА борецот да покаже документ дека е полнолетен.

„Културно го замолив да ми покаже лична карта или возачка дозвола, но тој се силеше со закани. Врескаше дека е познат ММА борец, ми покажуваше фотографии, но јас само си ја вршев работата. Потоа се обиде да ме удри, но промаши и јас го фатив за вратот. Да не се предадеше, ќе го успиев за секунда до две“, изјави редарот, кој успеа да го скроти насилникот, познат најмногу како спаринг-партнер на Конор Мекрегор.

 

- Оглас -

Најнови вести