Повеќе од 1.000 навивачи на Партизан беа присутни во Хаг за да го бодрат својот тим на гостувањето кај АЗ Алкмар во мечот од Лига Европа, а пред почетокот на средбата, Гробарите заминаа и до затворот во Схевенинген, и со песни го поддржаа Ратко Младиќ, кој е осуден на доживотна робија за воени злосторства, по пресуда на хашкиот трибунал.
Холандските медиуми се во шок од овој потег на српските фанови.
Навивачите на Партизан неколку пати му нанесоа штета на клубот, и самите се поделени меѓусебе, но овојпат веројатно нема да има казна, бидејќи стануваше збор за „инцидент“ надвор од стадионите. Партизан одигра само 2-2 со АЗ Алкмар, откако прими два наивни голови во финишот, и со тоа ги загуби шансите за европска пролет.