Подготвен е планот за спас на првенството во Шпанија, следуваат 40 дена за подготовка на „теренот“

Првите луѓе во шпанскиот фудбал најавија дека е подготвен план според кој треба да продолжи прекинатото првенство во Примера дивисион. Според проценките, фудбалерите би можеле да се вратат на тренинг на средината на мај, а првенството да продолжи во првата половина на јуни.

Тоа значи дека оптималното решение е дека фудбалот во Шпанија ќе се врати за 40-тина дена. Голем дел од клубовите во Шпанија едноставно едвај чекаат да продолжат мечевите затоа што во изминативе месец и пол претрпеа огромни финансиски загуби.

Шпанското министерство за здравство предложи да има масовно тестирање на фудбалерите и да нема играч на теренот ако претходно не бил негативен на корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести