Подгответе се за уникатно коло на Спортска прогноза – Играат двете Борусии и двата Манчестери

Новото 26-то коло на Спортска прогноза што почнува од денеска ќе биде уникатно, а во нашиот избор од 13+2 пара ви нудиме уникатна можност да типувате и два меча на тимови со исто име во Германија и од ист град во Англија.

Во Бундеслигата на ред е дербито меѓу двете Борусии, а во Менхенгладбах ќе гостуваат Милионерите од Дортмунд.

Вториот меч што привлекува огромно внимание е дуелот на двата Манчестери, Јунајтед и Сити, во градската битка за превласт.

Со вашите прогнози можете да се вклучите од денеска од 14 часот, па сè до сабота до 16 часот, кога ќе почнат и првите два меча од нашата понуда од 13 двојки во основната програма.

Секое коло посебно типувате за прекрасен „ајфон“, кој ќе го добие мајсторот за Спортска прогноза што ќе ги погоди сите 13 двојки.

Sport Life има интересен концепт за играта што е бесплатна, па ве наградува и за утки. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утки има награден ваучер од 500 денари.

Втората сезона на Спортска прогноза донесе и интересна битка во Генералниот пласман. Тука се бројат и поените од двата резервни пара што за вас ги подготвуваме за секое коло.

Моментно на врвот веќе подолго време неприкосновен е Христијан Т. со 179 поени и двоцифрена разлика пред најблиските конкуренти.

Наградата за шампионот во конечен поредок е ТВ Смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопниг со СЛ Маркетот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести