Подметнати бомби под автомобилите на Меси и Суарес? (Видео)

Лионел Меси и Луис Суарес пред неколку дена се вратија во Барселона, но сепак одлучија да продолжат со уживање, па со семејствата заминаа на Ибица. Додека беа на Ибица, на една забава непознати личности се обидоа да го нападнат Меси, но, за среќа, брзо реагираше обезбедувањето и беше спречен инцидент.

Денеска Меси и Суарес повторно се во центарот на вниманието. Нивните автомобили кои биле паркирани на аеродромот „Ел Прат“, биле окупирани од полицијата поради анонимна дојава дека под тие два автомобили има подмeтнато бомби. Полицијата реагирала на дојавата, но по проверката било констатирано дека се работи за лажна дојава.

Видеото може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести