„Подобри“ се на ова поле и од Вардар: Италијански клуб промени тројца тренери во три дена

Италијанскиот клуб Пјаченца Калчо 1919, член на Серија Д, четврти ранг на натпреварување, оваа недела го привлече вниманието на фудбалската јавност со несекојдневен потег – промени три тренери во три дена. Овој чекор беше направен како обид да се подобри формата на тимот по разочарувачкиот почеток на сезоната.

Кај нас во Македонија, засега „лидер“ е Вардар со четири различни тренерски имиња од почетокот на сезоната.

По поразот од Сан Марино (0-1) за викендот, раководството на Пјаченца, клуб кој некогаш беше и италијански прволигаш, одлучи да му се заблагодари на тренерот Кармине Парлато и на спортскиот директор Алесио Сесту. Во вторникот наутро, Симоне Бентивољо беше назначен како нов тренер. Сепак, неговото именување предизвика гнев кај навивачите поради неговата вмешаност во обложувачки скандал во 2011 година, за што доби суспензија од 13 месеци.

Навивачите на Пјаченца го прекинаа првиот тренинг на Бентивољо, изразувајќи незадоволство и заканувајќи се со бојкот на натпреварите. Само по неколку часа, клубот го отпушти Бентивољо и се врати на Стефано Росини, кој беше отпуштен претходно во октомври за да биде заменет со Парлато.

И покрај хаосот, промените на крајот се покажаа како успешни. Пјаченца ја победи Вила Вале со 2-1, што донесе олеснување за клубот и навивачите.

Оваа необична епизода ја покажува нестабилноста и нетрпеливоста што може да постои во фудбалските клубови, дури и на пониските нивоа на натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести