Подобро да тренираш со Нојер отколку да браниш за Шалке

Поранешниот фудбалер Дитмар Хаман испрати важна порака и совет до чуварот на мрежата на Шалке 04, Александер Нубел, кој има понуда да премине во редовите на Баерн Минхен.

Хаман, кој има играно за Баерн, смета дека за 22-годишниот голманот на Шалке 04 е подобро да премине во редовите на 28-кратниот германски шампион, па макар и да биде резерва. Младиот Нубел сезонава има 16 меча за тимот од Гелзенкирхен.

„Според мене, најважно при напредокот на младите играчи е да учат од најдобрите. Учењето е поважно од играњето. Најдобро е да се комбинираат двете. Но, само по себе, една година да тренира со Мануел Нојер е пополезно за Нубел отколку да има поголем број настапи на голот на Шалке“, вели Хаман.

 

 

- Оглас -

Најнови вести