Подолски: Турската лига е како комично шоу

Лукас Подолски со германската репрезентација беше светски првак на Мундијалот во 2014 година, играше во клубови како Баерн Минхен и Арсенал, а сега е член на Аланијаспор во Турција. Некогашниот германски репрезентативец, прв пат во Турција дојде во 2015 година кога го облече дресот на Галатасара, а по две сезони се пресели во Јапонија.

По три години поминати на Далечниот Исток, Подолски се врати во Турција и го облече дресот на Анталијаспор. Искусниот 35-годишен фудбалер реши јавно да каже што мисли за турскиот фудбал, а тоа не е многу убаво.

„На еден меч се игра во просек по 60-тина минути затоа што мечевите често пати се во прекин. Во еден момент се суди пенал и се подготвува да се изведе пенал, а потоа во следниот момент се поништува пеналот. Судиите и нивните одлуки се на прво место. Често дури и одлуките на арбитрите се тема на денот. Овде владее хаотичка состојба. Не е добро. Дојде ВАР, но тоа не ја подобри ситуацијата. Тоа што се се случува е вистинско комично шоу“, вели Подолски, кој во кариерата има одиграно преку 700 мечеви и постигнато над 250 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести