Подвиг на Филаделфија во Сакраменто, утрово се случи и едно од најатрактивните забивања сезонава (Видео)

Екипата на Филаделфија 76 ерс приреди мало изненадување на гостувањето во Сакраменто, бидејќи до победата од 129-127, дојде без помошта на Џоел Ембид и Џејмс Харден, и на феноменален начин со скор 5-0 ја заврши серијата гостувања на западниот брег на САД.

Филаделфија е сама на второто место на Истокот, а во отсуство на двете најголеми ѕвезди, прв стрелец беше Тајрис Макси со 32 поени.

Ѕвезда на вечерта во НБА е Ентони Едвардс од Минесота, кој против Хјустон даде 44 поени што е негов сезонски рекорд, погоди осум тројки, а имаше и едно спектакуларно забивање преку Турчинот Алперен Шенѓун.

Погледнете го супер забивањето на Едвардс:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести