Поезија на фудбалски терен: Меси слави годишнина од мајсторијата против Билбао (видео)

Сезоната 2014/15 беше крајно успешна за Барселона освојувајќи ја тројната круна. Седум дена по кревање на титулата во Ла Лига, Каталонците го освоија и пехарот во шпанскиот Куп радувајќи се на триумфот од 3-1 против Атлетик Билбао.

Во финалето Меси придонесе со два погодоци, од кои едниот е мајсторија која само тој може да ја изведе. Лео претрча половина терен од десната страна, при тоа со невидена леснотија издрибла четворица противнички играчи пред да го совлада Ерерин на поблискиот дирек.

- Оглас -

Најнови вести