Погба има нова фризура со обележја на новиот клуб (Фото)

Пол Погба има нова фризура и на неа има обележја што сугерираат дека францускиот ас сигурно се враќа во Јувентус.

На интересен начин Погба индиректно најавува кам-бек во Торино, во најтрофејниот италијански клуб за кој играше од 2012 до 2016 година и тоа одлично, а и тогаш дојде од Манчестер јунајтед, како и сега бесплатно, ако се повтори трансферот.

Погба сигурно нема да продолжи во Манчестер јунајтед, а италијанските медиуми веќе објавија дека репрезентативецот на Франција сигурно се сели во Торино и пак ќе игра за Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести