Погба: Мурињо го згреши човекот со кого да се задева

Само Немања Матиќ и Ромелу Лукаку биле играчите кои не биле за да му се даде отказ на Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед. Сите останати фудбалери биле задоволни од одлуката да се избрка Португалецот. Еден од најзадоволните сигурно е Пол Погба, кој константно имаше проблеми со тренерот.

Отказот на Мурињо за Погба значи и олеснување, а сега ќе може целосно да се фокусира на играта на теренот, а не и на тоа што се случува надвор од него.

„Мислеше од мене да направи будала. Сакаше да ги сврти навивачите против мене. Но се измами. Го најде погрешниот човек“, викал Погба на вчерашниот тренинг на Манчестер, а пренесува таблоидот „Сан“.

Сепак, ситуација брзо ја смирил Мајкл Карик, кој го водел тој тренинг, посочувајќи му на Погба дека никој не е поголем од клубот, па така и тој ќе мора да престане да галами и да го одработи тренингот.

- Оглас -

Најнови вести