Погба не може да погоди ни од три метри (Видео)

Валенсија води со 1-0 на свој терен во дуелот против Манчестер јунајтед, во меч кој не решава многу во групната фаза. Солер во 17-тата минута погоди за домаќините и тоа е резултатот по првите 45 минути.

Најскапиот играч на Манчестер јунајтед, Пол Погба, се посрамоти со промашување од ситуација од која е потешко да не дадеш гол. За среќа на Погба, помошниот судија сигнализираше ситуација на офсајд, па и да погодеше Погба, голот немаше да биде признат. Повторената снимка покажува дека немаше офсајд, но бидејќи нема ВАР во групната фаза од ЛШ, немаше да има корекција на судиската одлука.

Сепак, за да нема дилеми, Погба не погоди и без разлика што судиите згрешија во проценката, Манчестер не е оштетен.

 

- Оглас -

Најнови вести